|
Роден е во Струмица, во 1882 година. Учителствувал во повеќе села. Во 1899 отишол во Бугарија, каде извршувал терористички задачи по наредба на Б.Сарафов, а се вратил во 1901 година. Истата година, прво е секретар во четата на Иван Савов а после бил назначен за реонски војвода во Радовишко. Со својата чета имал повеќе борби против турскиот аскер.
Загинал херојски во неговата последна битка кај селото Ињево, со целата чета од 15 души во Радовишко, на 24 мај 1903 година. |